Линкови за пристапност

Северна Кореја испука шест проектили за три дена


Северна Кореја испука уште два проектила со краток дострел во водите на своето источно крајбрежје, правејќи шест лансирања за три дена.

Севернокорејското Министерство за одбрана испука еден проектил во понеделникот наутро и друг попладнето во Источното Море – што исто така се нарекува и Море на Јапонија.

Последните лансирања следат по три во саботата и едно во неделата, и покрај повиците за воздржување од страна на Јужна Кореја и други држави во регионот, како и од Обединетите нации.

Пјонгјанг во понеделник ја отфрли критиката на вежбите со проектили , велејќи дека армискиот тренинг е неспорно право на секоја суверена нација.
XS
SM
MD
LG