Линкови за пристапност

Северна Кореја се заканува на САД


Одговарајќи на санкциите на ОН, Северна Кореја вели дека ќе лансира повеќе ракети насочени кон нивниот „главен непријател“, САД.

Северна Кореја вели дека ќе изведе трет нулеарен тест и повеќе ракетни лансирања како одговор на санкциите на Обединетите нации.

Официјалната Корејска централна новинска агенција во четврток кажа дека чекорите се насочени кон „главниот непријател“ на Северна Кореја, САД. Агенцијата цитира соопштение од Националната комисија за одбрана, но не даде временска рамка за лансирањето или тестовите.

Овие закани доаѓаат еден ден откако Советот за безбедност на ОН едногласно го осуди декемвриското лансирање од страна на Северна Кореја како прекршување на постоечките санкции на ОН кои забрануваат развивање на оружје и нуклеарна технологија.

Ако новата закана биде изведена, тоа ќе биде трет пат Северна Кореја да изведува нуклеарен тест по осудата на ОН на нивните лансирања на ракети со долг домет.
XS
SM
MD
LG