Линкови за пристапност

Нобеловата награда за физика кај теоретичарите на „божјата честичка“


Франсоа Енглерт од Белгија и Питер Хигс од Британија беа избрани за откривање на механизмот за разбирање на потеклото на масата на субатомски честички.

Нобеловата награда за физика за 2013-та ја добија Франсоа Енглерт од Белгија и Питер Хигс од Британија.

Нобеловиот комитет ги соопшти добитниците на наградата во вторник во Стокхолм. Енглерт и Хигс беа избрани заради “теоретското откритие на механизмот што придонесува за ... разбирање на потеклото на масата на субатомски честички“.

Двајцата научници се познати по откривањето на таканаречената хигсова Хигс честичка, што ја викаат и „божја честичка“ зашто го прави валиден базичниот концепт на квантната физика, таканареченото „хигсово поле“ што се верува дека го прави возможно постоењето на самите атоми.
XS
SM
MD
LG