Линкови за пристапност

Нобеловата награда за физика за Американец и Французин


Добитниците на Нобеловата награда за физика за 2012-та: Французинот Серж Арош (лево) и Американецот Дејвид Вајнленд (десно)

Добитниците на Нобеловата награда за физика за 2012-та: Французинот Серж Арош (лево) и Американецот Дејвид Вајнленд (десно)

Дејвид Вајнленд и Серж Арош одвоено работеле на мерење и манипулација на светлосни честици во областа на квантната оптика.

Нобеловата награда за физика за 2012-та година ја добија Американецот Дејвид Вајнленд и Французинот Серж Арош, соопшти денеска Шведската кралска академија на науките во Стокхолм.

Престижното признание им се доделува за трудот во областа на квантната физика, особено квантната оптика, односно мерењето и манипулацијата на светлосните честици.

Двајцата физичари работеле одвоено. Арош е професор на Колеџот на Франција, додека Вајнленд работи на Универзитетот на Колорадо Болдер.

Утре ќе биде објавен добитникот на Нобеловата награда за хемија, задутре – за книжевност, а во петок – за мир. Наградите ќе бидат врачени на свечена церемонија во декември во Стокхолм.
XS
SM
MD
LG