Линкови за пристапност

Тој ќе го придружува генералниот секретар на посетата, по што ќе замине за Солун

Од Канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН пристигна соопштение во кое се потврдува доаѓањето на личниот пратеник на генералниот секретар за разговори меѓу Грција и Македонија, Метју Нимиц, во Македонија.

Во соопштението стои дека Нимиц „ќе го придружува генералниот секретар (Бан Ки-мун) при неговата посета на Македонија, на 24-ти и 25-ти јули.“

Потоа Нимиц заминува на средба со грчкиот претставник, амбасадорот Адамантиос Василакис, во Солун, за да ја брифира грчката влада, на 26 јули, соопштуваат од канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар.
XS
SM
MD
LG