Линкови за пристапност

Нимиц вели дека одлуката на судот е можност да се тргне напред


Нимиц вели дека одлуката на судот е можност да се тргне напред

Нимиц вели дека одлуката на судот е можност да се тргне напред

Во писмена изјава амбасадорот Метју Нимиц ги повикува двете страни да ја искористат приликата за конструктивно размислување.

Личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН за разговорите меѓу Грција и Македонија реагираше на одлуката на Меѓународниот суд на правда, објавена во понеделник, во врска со привремената спогодба од 1995-та, велејќи дека таа „заслужува внимателно проучување од страна на двете влади“.

„Јас бев во комуникација со двете влади последниве денови и ги охрабрив да гледаат на ова како на можност за конструктивно размислување за нивниот меѓусебен однос и да разгледаат обновување на иницијативата за постигнување дефинитивно решение по прашањето за името“, вели Нимиц.

Тој на крајот советува дека „на овој крстопат, гледање напред наместо навраќање на разликите е начин на однесување што ќе направи да е можно постигнување на трајно решение. Јас ги информирав страните дека сум подготвен да работам со нив во најскора прилика и препорачувам интензивирање на напорите за наоѓање на трајно решение“.

XS
SM
MD
LG