Линкови за пристапност

Амнести тврди дека нигериските сили биле извесетени за киднапирањето на девојчињата


Мајки на грабнатите девојчиња во Нигерија
Мајки на грабнатите девојчиња во Нигерија

Организацијата тврди дека не реагирале соодветно на предупредувањата дека Боко Харам планира да нападне.

Амнести интернешнал тврди дека нигериските сили за безбедност биле известени пред нападот на милитантите на Боко Харам во училиште во Нигерија. Милитантите грабнаа над 300 девојчиња. Организацијата за заштита на човековите права наведува дека силите не реагирале соодветно на предупредувањата што почнале да пристигаат дури четири часа пред припадниците на Боко Харам да го нападнат училиштето во местото Чибок на 14-ти април.

Најмалку 11 американски армиски офицери денес пристигнаа во Нигерија, за да помогнат во потрагата по 276 девојчиња коишто се` уште се водат како исчезнати. Државниот секретар Џон Кери кажа дека САД ќе сторат се` што е во нивна можност да бидат ослободени девојчињата. Тој информираше дека американската армиска екипа ќе помогне во комуникациите, логистиката и разузнавањето. Британија вети поддршка со сателитски снимки, а Франција ќе испрати агенти за безбедност.

Водачот на Боко Харам на видео-снимка кажа дека планира да ги продаде девојчињата.
XS
SM
MD
LG