Линкови за пристапност

Според њујоршката полиција, видео снимката на ИСИС содржи стар заканувачки материјал

Според градските власти, не постои веродостојна закана дека ќе биде извршен напад врз Њујорк, иако на штотуку објавеното видео од ИСИС се најавува дека градот е следната цел.

Комесарот на њујоршката полиција, Вилијам Бретон, изјави дека видеото содржи стари снимки од претходни заканувачки видеа. Сепак, иако властите велат дека нема конкретна закана, овој материјал е потсетник дека Њујорк е една од главните цели на терористите.

„Бидете свесни, но не исплашени. Полицијата на Њујорк ќе Ве штити. Имаме тесна соработка со Федералното истражно биро и други владини претставници, и со голема поддршка од граѓаните, ќе ја оддржиме безбедноста на градот“, истакна Бретон.

Заканата за Њујорк уследи по онаа за Вашингтон од понеделникот, при што во видео снимка на ИСИС се наведува дека сите држави коишто „учествуваат во активистичката кампања“, се под закана.

Главниот советник за контратероризам на претседателот Барак Обама во средата изјави дека нема „веродостојна закана“ за терористички напад врз Вашингтон.

XS
SM
MD
LG