Линкови за пристапност

Шестмина загинати во несреќа близу Њујорк


Воз преполн со патници удри во џип на железнички премин

Шест лица загинаа, а десетина се повредени, кога патнички воз синоќа удри во џип на железнички премин во градчето Валхала, на околу 30-тина километри северно од Њујорк.

Несреќата се случи во попладневните часови, кога околу 650 патници во возот се враќале од работа. Според претставници на железничката компанија Метро-норт, петорица од загинатите се патници, а шестиот е жената којашто управувала со џипот. Таа запрела на преминот откако дрвените рампи удриле на покривот на возилото, по што излегла од него за да провери што се случило. Кога го забележала возот, немала време да го помести возилото.

„Ова е навистина ужасна глетка“, изјави гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо. Возот го буткал џипот по шините неколку стотици метри, по што возилото се запалило и експлодирало.

XS
SM
MD
LG