Линкови за пристапност

Светот ја поздрави Новата 2015-та


Светските лидери ја искористија можноста да испратат пораки за мир.

Повеќе од еден милион славеници се собраа во пристаништето на Сиднеј за традиционалниот огномет. Слични спектакли имаше и во други градови.

Главниот град на Кина, Пекинг, понуди демонстрација на зимски спортови и уметнички претстави на нивниот Олимписки стадион, познат како „птичје гнездо“. Четиричасовното шоу се чини дека имаше за цел да ја прикаже подготвеноста на Кина да биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2022-ра. Претседателот Жи Џинпинг повика на мир во светот во својата новогодишна порака.

„Искрено се надеваме дека сите држави ќе работат заедно да обезбедат да нема тортура од глад и студ и да нема војни. Сите деца мора да цветаат под сонцето на мирот“, рече тој.

Сиромашниот сосед на Кина, Северна Кореја, организираше 15-минутен огномет во главниот град, Пјонгјанг. Во главниот град на Јапонија, Токио, по повод настапувањето на новата годна беа пуштени стотици балони.

Во Европа, Папата Францис, во Базиликата на Свети Петар, зборуваше во одбрана на сиромашните.

„Без сомнение, степенот на корупција откриен последниве денови, бара сериозен разговор за повторното раѓање на духот и моралот, и определба за изградба на почесен братски град каде сиромашните, слабите и маргинализираните се во центарот на нашата грижа“, порача папата.

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази осуда на расистичките движења во Европа, а имаше и порака до Русија.

„Нема дилема дека сакаме безбедност во Европа заедно со Русија, а не против Русија. Но исто така нема дилеми дека ние во Европа не можеме да прифатиме правото на посилниот да го прекршува меѓународното право“.

Францускиот претседател Франсоа Оланд се заложи за заедништво и меѓусебно почитување на различните етнички и религиозни групи.

САД последни ја дочекаа Новата година на западната хемисфера. Во Њујорк прославата беше на тема „подарок на духовна сила“.

Тим Томпкинс, претседател на Алијансата Тајмс Сквер, објасни:

„Затоа што нашиот специјален гостин годинава е Меѓународниот спасувачки комитет, што помага на бегалци и раселени во цел свет, а тоа се луѓе екои покажуваат голема духовна сила наспроти непријателствата“.

Обичните луѓе во цел свет беа среќани да си посакаат најубави желби еден на друг.

XS
SM
MD
LG