Линкови за пристапност

Одраз на разновидноста на денешницата

Во стриповите или на големото платно, сите знаевме дека зад маската на Спајдермен е - ликот Питер Паркер. Но, претстои промена. Барем во стриповите, зад маската отсега - натаму ќе се крие Мајлс Моралес. Ликот е нацртан како тинејџер од две раси којшто живее во Бруклин, Њујорк.

Љубителот на стрипови Рајан Гровс мисли дека е дојдено време за вакво нешто. „Време е тоа да се стори за новата генерација и да се игра на картата на различноста. Дефинитивно, добар избор“, вели Гровс.

Даниел Вробел, којшто исто таа е голем љубител на стриповите на Спајдермен, се согласува. „Извонредно е што Марвел се обидува да се отклони од стандардот: белец – суперхерој“.

Балон Спајдермен на традиционалната парада на Мејсис во Њујорк за Денот на благодарноста

Балон Спајдермен на традиционалната парада на Мејсис во Њујорк за Денот на благодарноста

Ова не е по првпат Мајлс Моралес да се појави во стриповите на Марвел: во 2011-та, во алтернативна приказна за Спајдермен, тој исто така беше каснат од пајак, по што откри дека добил натчовечка сила, способност за камуфлажа и зголемена агилност. Но, Марвел сега го исфрла на преден план во нови серии на стрипови каде што тој ќе биде Спајдермен, а Питер Паркер ќе биде неговиот ментор.

Џо Слепски, којшто работи за Марвел, е убеден дека љубителите на стрипови го прифатиле новиот, свеж лик.

„Актуелната и идната генерација читатели е дефинитивно поразновидна и Марвел и Ди-Си комикс годинава започнаа наголемо со тој тренд“, вели Слепски.

Во стриповите постои тренд ликовите во нив да го рефлектираат она што САД се во моментот. Марвел најави дека сака да претстави повеќе ликови коишто се огледало на „широката читачка публика“. Така, херојот Тор сега е жена, новиот спајдермен е половина Латиноамериканец, половина Афроамериканец.

Читателката на стрипови Лили Фиерно оценува дека САД се повеќе мултикултурна држава од кога и да е порано и дека популарните медиуми треба да го следат чекорот со времето. „Мислам дека е одлична идеја да се обнови Спајдермен и сите други класични ликови. Мислам дека тоа е добра промена,“ наведува Лиерно.

Засега, промената се однесува само на стриповите. Спајдермен во филмовите и натаму ќе биде Питер Паркер.

Во стриповите, Мајлс Моралес официјално ќе го преземе костимот од Питер Паркер - подоцна годинава.

XS
SM
MD
LG