Линкови за пристапност

Нова планета надвор од Сончевиот систем


Астрономерите велат дека успеале да направат прва фотографија од новородена планета.

Во напис во журналот „Природа“, истражувачи од Универзитетот на Аризона и Универзитетот Сиднеј во Австралија, велат дека успеале да регистрираат формирање на нова планета околу младата ѕвезда „LkCa15“, со приближна оддалеченост од 450 светлосни години.

Истражувачите биле љубопитни за „внатрешното чистење или простор“ во ротирачкиот диск којшто кружи околу ѕвездата. Овие дискови содржат остатоци од формирањето на ѕвездата и астрономерите сметаат дека планетите се формираат при паѓањето на прашината и остатоците на материјалот на планетите, наместо да остануваат на дискот или да паѓаат на ѕвездата.

„Ова е прв пат да успееме да направиме фотографија од планета за која знаеме дека се' уште е во процес на создавање“, вели Стефани Салум, која е на постдипломски студии на Универзитетот на Аризона.

Нејзините колеги се согласуваат.

„Никој претходно успешно и јасно нема откриено формирање на планета “ вели Кејт Фолет, поранешна студентка на овој Универзитет, сега вработена на Стенфорд. „Секогаш постоеле алтернативни објаснувања, но во овој случај ние направивме фотографија и тоа тешко може да се оспори.“

Истражувачите велат дека има околу 2.000 планети надвор од Сончевиот систем, но фотографирани се само десет.

XS
SM
MD
LG