Линкови за пристапност

Поради скандалот дека негов близок соработник намерно предизвикувал сообраќајни застои како казна за градоначалник кој не го поддржал Кристи.

Гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи, кој е најверојатен републикански кандидат за претседателските избори во 2016-та, вели дека е „засрамен“ и „скршен“ заради постапките на некои лица во неговиот кабинет.

Кристи за прв пат јавно проговори откако медиумите објавија извадоци од електронска пошта што сугерираат дека еден од неговите блиски соработници имал клучна улога во намерното предизвикување на сообраќајни застои, како казна за градоначалникот на Форт Ли, инаку демократ, кој не го поддржал оповторниот избор на Кристи за гувернер.

„Не знаев за ова прашање ниту пак бев вмешан, како во неговото планирање, така и во неговото извршување. Вџашен сум од неверојатната глупост што беше покажана во случајот“, изјави Кристи.

Тој го отпуштил соработникот за кој кажа дека го лажел, а од друг побарал да го напушти соработничкиот тим и да се повлече од сите партиски активности. Гувернерот
воедно вети дека ќе го посети местото Форт Ли и лично ќе му се извини на градоначалникот и на жителите зафатени од сообраќајните застои околу мостот Џорџ Вашингтон.

Кристи кажа дека е невозможно да се знае што прави секој член на неговиот персонал во секое време, но дека презема одговорност за скандалот.
XS
SM
MD
LG