Линкови за пристапност

Њу Хемпшир гласа


Њу Хемпшир гласа

Њу Хемпшир гласа

Први прелиминарни партиски избори за претседателски кандидат во 2012-та.

Гласачите во севористочната сојузна држава Њу Хемпшир излегоа на првите прелиминарни партиски избори за претседателски кандидат оваа година. Годинава веќе се гласаше во Ајова, но во таа сојузна држава изборите се одржаа во рамки на партиски состаноци.

Жителите на малото место Диксвил Ноч во близина на границата со Канада гласаа на републиканските избори веднаш по полноќ локално време. Според изборните лица, поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни и поранешниот амбасадор во Кина Џон Хантсман добиле по два гласа од вкупно деветте дадени. Во текот на денот ќе се гласа во целата сојузната држава.

Ромни има голема предност според анкетите, но тоа не ги спречи другите претенденти да ја засилат критиката за него во последните настапи пред гласањето. Критиката главно се однесува на претходната кариера на Ромни, кога управувал со приватна инвестициона фирма и спечалил милиони долари. Многумина тврдат дека Ромни отпуштил стотици вработени од компаниите кои ги презела фирмата, додека истовремено овозможил голем профит на инвеститорите.

Поранешниот сенатор Рик Санторум, кој на изборите во Ајова загуби од Ромни со разлика од само осум гласови, се надева дека ќе биде втор во Њу Хемпшир, но најновите анкети укажуваат дека тоа место може да го освои тексашкиот конгресмен Рон Пол. На ливчето се и тексашкиот гувернер Рик Пери и поранешниот претседател на Претставничкиот дом Њут Гингрич.

Сите кандидати ставаат посебен акцен на својот козервативент учинок, во контраст на полибералната политика на демократот и актуелен претседател Барак Обама. Обама во демократски редови нема главен предизвикувач на изборите во Њу Хемпшир. Во Диксвил Ноч, тој освои три гласа.

Многумина политички аналитичари сметаат дека наредните прелиминарни избори во југоисточната сојузна држава Јужна Каролина ќе покажат дали политички умерениот републиканец Ромни може да ја добие поддршката на конзервативните гласачи.

XS
SM
MD
LG