Линкови за пристапност

Најголема бројка на одобрени лекови од 1996-та

Четириесет и пет нови лекови се одобрени од страна на Американската агенција за храна и лекови во 2015-та, најмногу од 1996-та и четири повеќе од 2014-та.

Според Асошиејтед прес, тоа во голема мерка се однесува на лековите за ретки и тешко излечливи болести.

На големиот број на одобрувања за овие лекови се гледа како на показател за висината на иновации кои се случуваат во оваа индустрија. Исто така, тоа е барометар за ефикасноста на процесот на одобрување.

Сепак, многу од новите, специјализирани лекови доаѓаат со многу висока цена, што ја подгрева дебатата во САД во врска со високата цена на лековите.

На пример, лекот Оркамби кој се користи за третирање на цистична фиброза, годишно чини 259.000 долари. Лекот Ибранс, кој третира рак на дојка чини 118.200 долари годишно.

Цената на лекот не е дел од процесот за одобрување од страна на Американската агенција за храна и лекови.

Високата цена на лековите во САД најверојатно ќе биде предмет на јавната расправа за престојните претседателски избори со кандидатите од Демократската партија Берни Сандерс и Хилари Клинтон, кои веќе изнесоа предлози за стратегија за намалување на цените.

Аналитичарот Тим Андерсон од истражувачката и брокерска фирма Бернштајн за Асошиетед прес изјави дека меѓу 2007-ма и 2011-та еден од 19 лекови се нашле на пазарот во раната фаза на истражување и тест за развој. Денес тој сразмер е - еден од 13, вели тој.

„Овие подобрувања ја одразуваат исплатливоста на децениските напори на фармацевтската индустрија “, изјави Андерсон.

Во прилог на потенцијалниот политички притисок за намалување на цените, фармацевските куќи би можеле да се соочат со промена на профитот од лековите кои имаат високи трошоци за развој, но скромна потрошувачка.

Новите лекови мора да се конкурентни со растечкиот број на поевтините видови.

Андерсон вели дека времето кое на компаниите им треба за да излезат на пазарот со нови лекови постојано се зголемува последните децении. Во просек тоа е 14 години. Во 1990-тите - биле потребни 11 години, за да се произведе нов лек.

САД не е единствен континент каде што на пазарот се појавуваат нови лекови во 2015-та. Европа исто така има одобрено повеќе лекови за употреба, и тоа нови 93, во споредба со 82, во 2014-та.

XS
SM
MD
LG