Линкови за пристапност

Најголемата компанија за храна во светот, Нестле, ги повлече од продажба своите тестенини со месо во Италија и Шпанија

Најголемата компанија за храна во светот, Нестле, ги повлече од продажба своите тестенини со месо во Италија и Шпанија, велејќи дека тестови на ДНК покажале присуство на коњско месо во нив.

Компанијата во понеделник соопшти дека открила повеќе од еден процент коњско месо во два производи - равиоли и тортелини со телешко, продавани под етикетата на Буитони. Таа исто така ги повлекува и замрзнатите месни производи продавани на бизниси за кетеринг во Франција.

Исто така во понеделник, германскиот синџир на дисконтни продавници Лидл повлече производи од продавниците во Финска и Шведска по тестови што потврдија присуство на коњско месо.

Скандалот со коњско месо започна порано годинава во Британија кога коњско месо беше откриено во оброци на замрзната лазања од гигантот за замрзната храна со седиште во Шведска, Финдус. Оброците биле произведени од француската компанија за храна Когел со месо снабдено главно од фирмата за процесирање на месо Спангхеро.

Порано овој месец, францускиот Министер за надворешни работи Лорент Фабиус повика на санкции за оние кои продавале коњско месо како телешко.
XS
SM
MD
LG