Линкови за пристапност

Не се знае каде се наоѓаат украинските новинари кои ги држи Русија


Неколку украински новинари се приведени на украинските територии окупирани од Русија од минатата година.
Неколку украински новинари се приведени на украинските територии окупирани од Русија од минатата година.

Каде се наоѓаат двајцата украински новинари кои ги држеше Русија е непознато неколку месеци, соопшти во средата група за слобода на печатот.

Хеорхиј Левченко и Анатасија Глуховска беа приведени во август 2023 година од службеници на руската Федерална служба за безбедност, но нивните апсења не беа објавени до октомври 2023 година кога руските државни медиуми објавија за притворањето.

Околу осум месеци од апсењето на новинарите, нивната локација останува непозната, според Комитетот за заштита на новинарите.

Групата за слобода на печатот со седиште во Њујорк ги повика руските власти веднаш да ги ослободат новинарите.

„Новинарите Хеорхиј Левченко и Анатасија Глуховкса беа држени од страна на руските окупаторски сили во Украина речиси осум месеци, едноставно затоа што се новинари“, рече Гулноза Саид, програмска координаторка на Комитетот за заштита на новинарите за Европа и Централна Азија.

„Руските власти мора веднаш да ги ослободат, да ги отфрлат сите обвиненија против нив и да го запрат нивното незаконско гонење на украинските државјани на окупираните територии“, додаде таа.

Левченко е под истрага за наводен тероризам, но не е јасно со какви обвиненија - доколку ги има - се соочува Глуховска.

Левченко и Глуховска се меѓу неколкуте новинари приведени на украинските територии окупирани од Русија. Според Комитетот за заштита на новинарите, не е познато и каде се наоѓаат најмалку тројца други.

Амбасадите на Украина и Русија во Вашингтон не одговорија веднаш на е-поштата на Гласот на Америка со барање за коментар за оваа сторија.

XS
SM
MD
LG