Линкови за пристапност

„Кливленд кавалиерс“ - нови шампиони на НБА


Воедно, Кливленд влегоа во историјата на лигата, како прв тим што успеал да го освои трофејот по негатива од 3-1 во финалната серија

„Кливленд кавалиерс“ се новите шампиони на НБА, за прв пат во историјата на клубот. Во седмиот и решавачки меч ги победија „Голден стејт вориорс“ со 93:89. Воедно, Кливленд влегоа во историјата на лигата, како прв тим што успеал да го освои трофејот по негатива од 3-1 во финалната серија.

Ѕвездата Леброн Џејмс заврши со 27 поени, 11 асистенции и 11 скока. Кајри Ирвинг имаше еден поен помалку, но постигна тројка во последната минута што потоа беше важна за победата на тимот.

XS
SM
MD
LG