Линкови за пристапност

Мајами ги помати сметките на Сан Антонио


Мајами ги помати сметки на Сан Антонио
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:00 0:00

Мајами ги помати сметки на Сан Антонио

Во еден од најинтересните натпревари во историјата на финалните серии на НБА, домаќините се изборија за седмиoт, решавачки натпревар во четврток.

Иако беше на работ на пораз, тројката во последните секунди на специјалистот за удари зад линијата од 7,25, Реј Ален, го однесе Мајами во продолжение и конечна победа од 103-100 против Сан Антонио. Резултатот во финалната серија на НБА сега е изедначен - 3:3.

Мајами во четврток ќе биде домаќин во решавачкиот, седми натпревар.


Се до` последната четвртина, гостите од Тексас беа поуверливи, особено преку центарот Тим Данкан кој уфрли 30 поени, а имаше и 17 скока. Тони Паркер постигна 19, а Ману Џинобли само 9 поени.



По слабиот почеток во првите две четвртини, Леброн Џејмс го заврши натпреварот со 32 поена. Двејн Вејд постигна 14, а Крис Бош – 10.

Сан Антонио имаше најголема предност во третата четвртина од 13 поени, но во четвртата забележа негатива од 10. Леброн Џејмс беше предводник на пресвртот со 18 коша во четвртата четвртина, а натпреварот го заврши и со 11 асистенции и 10 скока.
XS
SM
MD
LG