Линкови за пристапност

НБА плејоф: Мемфис во гости поведе со 3:2


Денвер избегна елиминација со победата против Голден стејт.

Мемфис со фуриозниот финиш на Зак Рандолф, кој постигна 25 коша, го порази домаќинот Лос Анџелес клиперс со 103:93 и поведе со 3:2 во серијата „најдобар од седум“ во плејоф-натпреварите во НБА.

Блејк Грифин од Клиперс во дуел со Тони Ален од Гризлис

Блејк Грифин од Клиперс во дуел со Тони Ален од Гризлис

Во вториот синоќешен дуел, Денвер избегна елиминација и намали на 3:2 со победата против Голден стејт вориорс од 107:100. Најпрецизен на мечот - Андре Игуадала со 25 поени.

Вечерва играат: Бостон - Њујорк, Атланта - Индијана и Хјустон - Оклахома.
XS
SM
MD
LG