Линкови за пристапност

НБА: Мајами поведе против Охлахома


Мајами хит ја искористија предноста на играње на домашен терен и пред верни навивачи совладувајќи ги Оклахома тандерс со 91:85, со што поведоа со 2:1 во серијата „најдобар од седум“ во финалето на НБА.

Ѕвездите на Хит, Леброн Џејмс и Двејн Вејд, со 29 и 25 коша ја анулираа предноста од 10-те поени на Оклахома во третата четвртина. Ниту 25-те поени, од кои најголемиот дел во финишот на Кевин Дурант, не беа доволни за пресврт и победа на гостите од Оклахома.

Следниот меч се игра во вторник во салата Американ Ерлајнс во Мајами.
XS
SM
MD
LG