Линкови за пристапност

Мајами го декласираше Бостон на домашен терен


НБА плеј-оф 06-08-12
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:48 0:00
Direct link

НБА плеј-оф 06-08-12

Серијата е изедначена 3:3

Ѕвездата Леброн Џејмс со 45 поени и 15 скокови доминираше во победата на Мајами хит против Бостон селтикс од 98-79 во финалето од источната конференција на НБА. Во текот на целиот меч, гостите од Мајами беа супериорни и ја одржуваа предноста од 15 до 20 коша. Кај домаќините, најпрецизен беше плејмејкерот Ражон Рондо со 21 поен, а бледа игра прикажаа, искусните - Кевин Гарнет со 12 и Пол Пирс со само 9 поени.

Серијата „најдобар од седум“ е изедначена 3:3.

Следниот, одлучувачки меч се игра во Мајами в сабота.

Победникот од овој дуел во финалето на НБА ќе игра со Охлахома тандерс, која, пак, во финалната серија на западната конференција ги порази Сан Антонио спурс со 4:2.
XS
SM
MD
LG