Линкови за пристапност

НБА драфт


Russian Tycoon Bids for NBA Team

Russian Tycoon Bids for NBA Team

Рангираните број 1 и 2 од Универзитетот во Кентаки, само еден странец во првите 20.

Ентони Дејвис од Универзитетот во Кентаки, прворангираниот играч на годинешниот драфт на НБА, што се одржа синоќа во Њуарк, Њу Џерси, ќе игра во Њу Орлеанс хорнетс. Тие бираа први на драфтот и се решија за крилото коe на почетокот на април ја доби титулата најистакнат играч на Фајнал фор, завршниот турнир во универзитетска кошарка.

По Хорнетс следеа Шарлот бобкетс, кои се одлучија за соиграчот на Дејвис од Кентаки, крилото Мајкл Кид-Гилгкрист. Кентаки стана првата образовна установа што на драфтот ги имала рангираните 1 и 2. Вашингтон визардс како трети го избраа бекот Бредли Бил од Универзитетот на Флорида.

Во првите 20 рангирани има само еден странец – Французинот Иван Фурние. Овој бек заврши во Денвер нагетс како 20-ти избор. Томас Саторански од Чешката Република како 32-ри припадна на Визардс, Костас Папаниколау (Грција) како 48-ми на Њујорк никс, Изет Туркилмаз (Турција) како 50-ти на Денвер нагетс,а Огњен Кузмиќ од Босна и Херцеговина како 52-ри на Голден Стејт вориорс.
XS
SM
MD
LG