Линкови за пристапност

Лос Анџелес клиперс со нов сопственик?


Стив Балмер, поранешниот извршен директор на Мајкрософт, се согласил да го купи клубот за 2 милијарди долари, но тоа е само првиот чекор.

Стив Балмер, поранешниот извршен директор на компанијата Мајкрософт, се согласил да го купи НБА-клубот Лос Анџелес клиперс за 2 милијарди долари.
Шели и Доналд Стерлинг на натпревар на Лос Анџелес клиперс во 2010-та

Шели и Доналд Стерлинг на натпревар на Лос Анџелес клиперс во 2010-та

Спогодбата ја објавија Балмер и Шели Стерлинг, сопругата на сопственикот Доналд Стерлинг, кому НБА поради расистички коментари му изрече доживотна забрана за присуство на натпреварите и настаните што ги организира лигата.

Во денешното соопштение, Шели Стерлинг наведува дека била пресреќна што го продала клубот на Балмер, додавајќи дека тој ќе биде одличен сопственик.

За да се реализира спогодбата, Стив Балмер, поранешниот главен извршен директор на Мајкрофот и евентуалниот нов сопственик на Клиперс

Стив Балмер, поранешниот главен извршен директор на Мајкрофот и евентуалниот нов сопственик на Клиперс

таа мора да биде одобрена од Одборот на гувернери на НБА. Адвокатите на Доналд Стерлинг, пак, тврдат дека е неопходно и негово одобрение и наведуваат дека тој нема да го даде.

НБА му изрече забрана на Доналд Стерлинг откако беше објавена аудио-снимка на која тој на својата придружничка и` вели да не носи пријатели - Афроамериканци на натпреварите на Клиперс.

80-годишниот Стерлинг, кој ги купи Клиперс во 1981-ва за 12 милиони долари, има најдолг стаж од сите други актуелни сопственици на клубови во НБА.

Балмер, кој се пензионираше како главен извршен директор на Мајкрософт во февруари, во своето соопштение подвлекува дека ја сака кошарката и дека ќе стори се` што е во негова можност Клиперс да продолжат да победуваат.
XS
SM
MD
LG