Линкови за пристапност

„Голден стејт“ е вториот финалист во НБА


„Вориорс“ станаа десеттиот тим кој успеал да се врати по негатива од 3-1 во конференциско финале на лигата

„Голден стејт вориорс“ втора сезона по ред се подготвуваат да се соочат со „Кливленд кавалиерс“, на претстојното финале во НБА.

Со победата од 96-88 врз „Оклахома сити тандер“ на домашен терен, бранителите на титулата, „Вориорс“, се пласираа во финалето во рамки на Западната конференција. „Голден стејт“ пред своите навивачи стана прв тим после Бостон од 1981-та година, наваму, кој успеал да надополни негатива од 3-1 во конференциско финале.

Првиот натпревар од финалето на шампионатот започнува во четврток во Окланд.

XS
SM
MD
LG