Линкови за пристапност

Алги, треви, маснотии од животни


Американската морнарица се префрла на алтернативни горива.

Американската морнарица размислува да прејде на поскапи, алтернативни горива, и покрај противењето во Конгресот дека тоа е погрешен потег во време кога армијата е пред буџетски скратувања од 500 милијарди долари. Но, што би донеле овие горива на подолгорочен план?

На воената вежба со силите на други други 20 земји близу крајбрежјето на Хаваи, морнарицата дојде со посебна порака: време е за еколошки извори на енергија! Таа веќе има фрегата што користи гориво направено од алги, треви и маснотии од животни.

„Главната причина што преоѓаме кон алтернативни извори на енергија е да бидеме борбено поподготвени, да не бидеме толку зависни од увезени фосилни горива и да осигураме енергетска независност, како во морнарицата, така и во армијата воопшто“

Последниве неколку месеци, морнарицата покажува како биогоривата би можеле да ја трансформираат целата армија. и, како што се надева првиот човек на морнарицата, Реј Мејбус, да ја намалат зависноста од енергетски ресурси од нестабилни подрачја на светот.

„Главната причина што преоѓаме кон алтернативни извори на енергија е да бидеме борбено поподготвени, да не бидеме толку зависни од увезени фосилни горива и да осигураме енергетска независност, како во морнарицата, така и во армијата воопшто“, вели Мејбус.

Реј Мејбус, секретар на Морнарицата на САД

Реј Мејбус, секретар на Морнарицата на САД

Владата на претседателот Барак Обама планира половина од флотата да прејде на алтернативни горива до 2020-та и да стане движечка сила во развојот на пазарот на биогорива, исто како што во минатото армијата предводеше во напредокот на технологии како глобалното позиционирање, компјутерите и мобилните телефони.

„Поскапо е, а не носи оперативни подобрувања. Наместо тоа, може да го зголемиме домашното производство на нафта, а парите да ги употребиме за опрема, материјал и персонал“.

Но, еден галон биогориво чини 26 долари за разлика од обичното, кое може да се купи за четири. Ова беше причина многумина во Конгресот да кренат глас дека беспотребно се трошат пари кога Пентагон е пред буџетски скратувања.

На иста линија е и Дејвид Кројцер, аналитичарот за енергетски прашања од фондацијата Херитиџ, кој коментира: „Поскапо е, а не носи оперативни подобрувања. Наместо тоа, може да го зголемиме домашното производство на нафта, а парите да ги употребиме за опрема, материјал и персонал“.

Владата планира до 2020-та половина од флотата да прејде на алтернативни горива

Владата планира до 2020-та половина од флотата да прејде на алтернативни горива

Морнарицата, сепак, работи на транзицијата. Макин Ајланд е првиот хибриден амфибиски борбен брод што само што го заврши првото патешетвие. „Зелената“ порака ја пренесоа и популарните пилоти на морнарицата, Сините ангели, кои ја демонстрираа моќта на биогоривата на неодмнешно авио-шоу. Но, со оглед на недостигот на пари, алтернативните горива засега можеби ќе бидат само за - шоуа.
XS
SM
MD
LG