Линкови за пристапност

Научниците предупредуваат: Глобалното затоплување е ризик за ширење смртоносни болести


За прв пат, делегатите кои се состанаа на Конференцијата за климатски промени на ОН се осврнаа на влијанието на климатските промени врз јавното здравје - поради предупредувањата дека глобалното затоплување може да го зголеми ризикот од смртоносни болести. Повеќе од Хенри Риџвел.

Пакистан минатата година ја претрпе најтешката поплава во својата историја - за која научниците велат дека најверојатно била влошена од климатските промени. Илјадници беа убиени, а уништени беа и домовите.

Поплавите, исто така, обезбедија огромно размножување на комарците - што доведе до зголемување од 400 проценти на случаи на маларија низ целата земја, најлошата епидемија од 1973 година. Научниците велат дека ова е само еден пример за тоа како климатските промени имаат големо влијание врз здравјето на луѓето.

За прв пат, Конференцијата на ОН за климатски промени се осврнува на тоа влијание, на својот годишен состанок, годинава во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

Се шират болести преку паразитски црви и муви – кои, пак, би можеле да се размножуваат во свет кој се загрева

„Иако климатската криза е здравствена криза, многу е задоцнето што 27-мата сесија на Конференцијата за климатски промени поминала без сериозна дискусија за здравјето. Несомнено, здравјето е најубедливата причина за преземање климатски мерки“, рече Тедрос Аданом Гебрејесус, генералниот директор на СЗО.

Се шират болести преку паразитски црви и муви – кои, пак, би можеле да се размножуваат во свет кој се загрева. Загадувањето на воздухот од согорувањето на фосилните горива, секоја година, убива околу седум милиони луѓе на глобално ниво секоја година.

„Климатската криза е здравствена криза. Загадувањето влијае врз вас. Врз вашите бели дробови, кардиоваскуларен систем. Но, тоа влијае и на порастот на заразни болести“, вели д-р Исеулт Гиберт, лекарка од Канада.

Хилари Клинтон
Хилари Клинтон

Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон на делегатите им кажа дека здравјето на жените е несразмерно погодено од климатските промени.

„Тие се на терен, во фабриките, на пазарите... Тие работат сè што е невозможно да се работи на температури кои достигнат 40 или 50 целзиусови степени“, истакна Клинтон.

Домаќинот на климатската конференција, Обединетите Арапски Емирати - заедно со неколку добротворни организации - ветија 777 милиони долари за помош во борбата против запоставените тропски болести кои би можеле да се влошат со климатските промени.

Повеќе од 120 земји на Конференцијата за климатски промени потпишаа декларација со која ја признаваат одговорноста за заштита на човековото здравје во светот кој се загрева.

Но, критичарите велат дека не се споменува намалувањето на фосилните горива - главниот извор на емисиите на стакленички гасови кои ги поттикнуваат климатските промени.

XS
SM
MD
LG