Линкови за пристапност

Филип Бридлов: Русија - закана по американските интереси низ светот


Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО со предупредување

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО и генерал на воздушните сили, Филип Бридлов, ги предупреди американските власти во вторникот дека Русија претставува закана за американските интереси низ светот, вклучувајќи ја Европа и Блискиот Исток.

Командантот на НАТО исто така предупреди за масовниот прилив на мигранти од Блискиот Исток во Европа. Тој вели дека Русија и нејзиниот сојузник Сирија смислено ја поттикнуваат миграцијата со намера да ги презаситат структурите на Европа за да се оневозможи одлучноста на континентот за соочување со проблемот. Тој вели дека во тој прилив на мигранти во Европа изминатата година, има „криминалци, терористи и странски борци.“

Рускиот аналитичар од Универзитетот во Денвер, Џонатан Аделман, за Гласот на Америка изјави дека постои голема причина за загриженост околу намерите на Русија кон своите европски соседи.

Тој вели дека со намалувањето на цената на нафтата, европските санкции и слабата економија, Русија не е во позиција да го предизвикува Западот.

XS
SM
MD
LG