Линкови за пристапност

НАТО ќе испрати воени бродови во Егејското Море


Алијансата ќе се обиде да ги спречи обидите за трговија со мигранти

НАТО најави дека ќе испрати воени бродови во Егејското Море, а целта на операцијата ќе биде спречување на обидите за трговија со мигранти. Ова е најдиректна интервенција на Алијансата од почетокот на мигрантската криза, наваму.

Грција, како земја-членка, се соочува со проблеми да се справи со постојаниот наплив на мигранти и бегалци, од кои повеќето се од воените зони во Ирак и Сирија.

Одлуката уследи пред завршувањето на дводневниот министерски состанок на НАТО во Брисел.

Генералниот секретар, Јенс Столтенберг истакна дека одлуката била донесена за да им се помогне на Турција и Грција во справувањето со трагедијата, „на подобар начин од досегашниот“.

Мисијата доби целосно зелено светло откако беше поддржана од американскиот секретар за одбрана, Еш Картер, којшто изјави дека најдобар начин да се стави крај на мигрантската криза, е да се поразат милитантите на Исламската држава.

„Како прво, кампањата има за цел поразување на ИСИЛ во Сирија и Ирак, бидејќи оттаму потекнува болеста рак и треба таму да се сузбие. Во меѓувреме, треба да се врати контролата во градовите Мосул и Рака и токму овде се фокусираме“, изјави првиот човек на Пентагон.

Според ОН, само во 2016-та, во Грција по морски пат пристигнале 75.000 мигранти и бегалци.

XS
SM
MD
LG