Линкови за пристапност

Министрите на НАТО дискутираат за Авганистан


Министрите на НАТО дискутираат за Авганистан
Министрите на НАТО дискутираат за Авганистан

Министрите за одбрана на НАТО во четврток се среќаваат во Брисел да дискутираат за можни промени на стратегијата на алијансата во Авганистан, вклучувајќи завршување на борбените операции порано од планираното.

Земји-членки на НАТО со најмногу трупи во Авганистан (податок од 6 јануари 2012)

  • САД 90 000.

  • Велика Британија 9 500.

  • Италија 3 952.

  • Франција 3 916.

  • Полска 2 475.

  • Турција 1 845.

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета и францускиот претседател Николас Саркози одвоено сугерираа коалицијата да ја заврши борбената улога во 2013, повеќе од една година порано од планираното и да се префрли на обука на советување на авганистанските трупи во 2014.

Панета ова го кажа во среда за време на летот за Брисел. Тој на новинарите им кажа дека се надева оти „од средината до крајот на 2013 ќе бидеме во состојба да направиме транзиција од борбена улога во обучувачка, советничка и помошна улога“.

Шефот на одбраната на САД рече дека 2013 е круцијална година за конечниот трансфер на преостанатите области на авганистанските безбедносни сили. Тој рече дека нема донесено одлука за нивото на американските сили кои ќе останат во Авганистан откако ќе заврши борбената улога.

Средбата доаѓа само неколку дена откако неовластено излезе во јавност извештај на НАТО кој откри дека талибанското бунтовништво е убедено дека ќе ја поврати моќта во Авганистан откако трупите на коалицијата ќе заминат.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во понеделникот рече дека алијансата ќе се придржува на плановите зацртани во ноември 2010, за повлекување на борбените трупи од Авганистан до крајот на 2014. Тој исто така рече дека државите на НАТО ќе продолжат со мисијата на обука во Авганистан по 2014.

Средбата во четврток исто така значи и положување на основата за поголемиот собир на НАТО во Чикаго, во мај.

XS
SM
MD
LG