Линкови за пристапност

НАТО ги разубедува Русите


НАТО ги разубедува Русите
НАТО ги разубедува Русите

НАТО се надева дека ќе ги намали тензиите со Русија во врска со плановите за системот за ракетна одбрана.

Министрите за надворешни работи на НАТО се подготвуваат во среда да започнат дводневни разговори во Брисел. Најголем дел од фокусот ќе бидат плановите на организацијата за заедничка САД-НАТО ракетна одбрана низ Европа.

САД и НАТО велат дека системот е дизајниран да помогне да се одвратат закани од држави како Иран, но Русија на штитот гледа како на закана.

Министрите за надворешни работи на НАТО треба да се сретнат со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во врска со штитот и други прашања, во четврток.

Дводневната сесија исто така ќе биде посветена на разгледување на напорите во Авганистан и на повлекувањето на странските трупи од земјата во 2014. Средбата на дневен ред ја има и мисијата на НАТО во Косово.

Триесет НАТО војници се ранети во судири минатиот месец додека се обидувале да спречат српски протестанти од кревање барикади во северниот град Јагњеница.

XS
SM
MD
LG