Линкови за пристапност

НАСА нашла 715 нови планети


Ова откритие го удвојува бројот на познати планети – на 1.700.

Научниците велат дека нашле „рудник на планети“.

Американската Агенција за вселената НАСА во среда соопшти откритие на 715 нови планети надвор од сончевиот систем.

Користејќи го телескопот Кеплер за барање планети, научниците велат дека ова го удвојува бројот на досега познати планети – на 1.700.

Тие велат дека сите нови планети се во системи како нашиот соларен, каде тие орбитираат околу една голема ѕвезда.

Научниците велат дека најмалку четири од новопронајдените планети може да бидат во рамки на, како што велат, зона погодна за живеење на нивните ѕвезди, што значи ниту премногу топла ниту премногу студена за вода.

Но научниците велат дека знаат малку за новите планети и не можат да кажат дали на нив е можен живот.
XS
SM
MD
LG