Линкови за пристапност

Драматична активност на површината на сонцето


Драматична активност на површината на сонцето
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:55 0:00

Драматична активност на површината на сонцето

Американската вселенска агенција НАСА објави драматично видео на интензивна активност на површината на сонцето.

Американската вселенска агенција НАСА објави драматично видео на интензивна активност на површината на сонцето.

Соларната динамична опсерваторија на НАСА снимила, како што вели, коронално исфрлање на маса, од површината на сонцето меѓу средата навечер и рано во во вторникот.

Научниците на НАСА велат дека се работи за соларен феномен што се случува во рамки на надворешната атмосфера на сонцето, или короната, кога меури од гас и магнетски материјал се ослободуваат наеднаш и со голема сила.

Настанот ќе испрати милијарди тони соларни честички во вселената што можат да стигнат до Земјата еден до три дена подоцна.

Појавата понекогаш има влијание на електронските системи во сателитите и на земјата.

Не е јасно каков ефект овој неодамнешен настан може да има.

Научниците велат дека настанот не е исто што и соларно искрење, кога силно ослободување на магнетска енергија се поврзува со сончевите точки.
XS
SM
MD
LG