Линкови за пристапност

Два моќни телескопи од националната агенција за шпионирање

Американска владина тајна вселенска програма реши на НАСА да и` подари два телескопи за кои се верува дека се дури помоќни од вселенскиот телескоп Хабл.

Официјални лица изјавија дека телескопите повеќе не биле потребни за разузнавачки мисии. Научниците се надеваат дека НАСА ќе ја промени употребата на еден од телескопите за проучување на мистериозната „црна енергија“ за потребите на астрономијата и астрофизиката.

Претставници на НАСА соопштија дека во моментов не располагаат со програма за лансирање на кој и да е телескоп и не се очекува пред 2020 било кој од двата подарени телескопа да биде на пат кон вселената.
XS
SM
MD
LG