Линкови за пристапност

Научници ја критикуваат НАСА


Колоритен поглед во вселената од телескопот Хабл

Колоритен поглед во вселената од телескопот Хабл

Тврдат има неадекватна стратегија да ги оствари мисиите до астероид и на Марс.

Американската вселенска агенција НАСА објави амбициозни цели да пренасочи астероид во орбитата на Месечината и да испрати астронаути на Марс, но група истакнати американски научници вели дека сегашната стратегија на агенцијата не е адекватна за тие да се остварат.

Во извештајот на 285 страници за иднината на вселенските истражувања, Националниот истражувачки совет (НРЦ) наведува дека двете мисии не се компатибилни, како и дека проектираните буџети на НАСА нема да ги покријат неопходните трошоци.

НРЦ предлага НАСА да се пренасочи на повторни слетувања на Месечината, што би и` помогнало да развие и да тестира опрема што би била неопходна за евентуалната мисија на Марс. Мисијата на астероид, пак, би можела да се искористи како тест за техологиите за подалечни вселенски летови.

Советот уважува дека постои слаба јавна поддршка за финансирање на скапото вселенско истражување, но наведува дека подршката би се зголемила откако истражувањето ќе почне да носи корист на Земјата. НРЦ предлага постојан годишен пораст од 5% на буџетот на НАСА.

За да се надминат буџетските ограничувања, НРЦ препорачува приватни компании да ја преземат грижата за рутинските мисии во нижата орбита на Земјата и поголема меѓународна соработка, на пример со Кина, чија програма за вселенско истражување е во експанзија.
XS
SM
MD
LG