Линкови за пристапност

Рекорд на НАСА - 340 последователни денови во вселената на астронаутот Скот Кели


Interview with Scott Kelly/NASA
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:03 0:00

Се` е подготвено американскиот астронаут, Скот Кели и рускиот космонаут Михаил Корниенко, денеска да се вратат од Меѓународната вселенска станица

Гласот на Америка ги интервјуираше Кели и Корниенко кои ќе минат вкупно 340 последователни денови во вселената, но американскиот астронаут со тоа ќе го постави рекордот на најдолга мисија на еден астронаут на НАСА.

Scott Kelly/NASA
Scott Kelly/NASA

Целта на уникатната студија што започна на 27-ми март 2015-та, е да се испита како пролонгираниот престој во вселената влијание врз менталното и физичко здравје на астронаутите, како подготовка за идните мисии на Марс со човечки екипаж. Во неодамнешното интервју за Гласот на Америка, командантот на 46-та експедиција на станицата, изјави:

„Што подолго сте овде, поголеми се шансите да се јават проблеми заради физиолошките промени, како слабеење на коските и мускулите, видот, дури и кардиоваскуларната слика“.

Scott Kelly/NASA
Scott Kelly/NASA

Кели работел на преку 400 научни експерименти, а податоците од изолацијата на човечкото тело ќе се споредат со оние од неговата претходна 6-месечна мисија, но и со психофизичката состојба на неговиот брат-близнак, пензионираниот астронаут, Марк Кели.

НАСА најави и темелна анализа на влијанието на бестежинската состојба и изложеноста на радијација, следење на промените во сончевиот систем, за да се намалат ризиците на идните мисии.

Кели истакна дека му недостасуваат многу работи од Земјата и со нетрпение чека да се врати дома, но воедно изрази благодарност за, како што ја нарече, оваа привилегија. „Од една страна е тешко да се биде овде толку долго, но кога ќе се сетиме на важноста на испитувањата на најразличните технологии, процесот станува полесен“.

За успех на проектите Кели вели дека е важно партнерството на екипажот.

Scott Kelly/NASA
Scott Kelly/NASA

„Постојано следиме вести, и кога ќе погледнеме надолу, имаме чувство дека сме отцепени. Токму тогаш согледуваме дека се случува многу, повеќето е лошо, што е мошне тажно и срамно, бидејќи планетата Земја е прекрасно место, тоа е нашиот дом и ако ние не се грижиме за неа, тогаш кој? Исто како и сите овде во станицата, се потпираме еден на друг“, изјави Кели за Гласот на Америка.

Меѓународната вселенска станица, вредна 100 милијарди долари, орбитира околу Земјата на секои час и половина, можност Кели да ни` испрати неверојатни фотографии од речиси целиот свет, вклучувајќи ја и, Македонија.

Ова е четврта мисија на Скот Кели, со вкупно минати 540 денови во вселената. Рекордот од 438 последователни денови го држи Валери Пољаков на старата руска вселенска станица Мир во 1994-та и 1995-та година.

Американските астронаути Вилијам Шепард и руските космонаути Сергеј Крикалев и Јури Гидзенко беа првиот екипаж на Меѓународната вселенска станица. Оттогаш, во 50-годишната историја на човечки екипаж во вселената, на свои мисии во станицата биле преку 220 астронаути од 17 земји ширум светот.

XS
SM
MD
LG