Линкови за пристапност

НАСА лансираше сателити-близнаци


Лансирање на сателитите-близнаци од базата Кејп Канаверал во Флорида.

Лансирање на сателитите-близнаци од базата Кејп Канаверал во Флорида.

Ќе ги истражуваат појасите на радијација околу Земјата.

Американската вселенска агенција (НАСА) утрово од базата Кејп Канаверал во Фолорида лансираше два сателита кои ќе ги истражуваат Ван Аленовите појаси на радијација над атмосферата на Земјата.

Двегодишната мисија на сателитите-близнаци чини 686 милиони долари. Тие треба да утврдат како енергетските нарушувања влијаат на ширењето на идентичните појаси, сочинети од наелектризирани честици од Сонцето и длабоката вселена. Појасите на радијација, кои ги држи заробени магнетското поле на Земјата, може да предизвикаат оштетување на комуникационите сателити и вселенските соларни плочи.

НАСА соопшти дека сателитите за време на мисијата ќе бидат на различна оддалечененост - од 161 до 38.000 километри.

Појасите на радијација се именувани во чест на починатиот физичар Џејмс ван Ален кој ги откри во 1958-ма година, користејќи едноставен Гајгеров бројач поставен во Експлорер 1, првиот американски научен сателит.
XS
SM
MD
LG