Линкови за пристапност

НАСА ќе го истражува Јупитер


НАСА ќе го истражува Јупитер
НАСА ќе го истражува Јупитер

Леталото Џуно ќе собира податоци за магнетните и гравитациони полиња и составот на атмосферата.

НАСА утре ќе започне со мисијата за истражување на најголемата планета во сончевиот систем, Јупитер. Проектот чини 1,1 милијарди долари.

НАСА се надева дека ќе дознае што се крие зад облаците на планетата десетпати поголема од Земјата кога леталото Џуно ќе започне со едногодишно орбитирање околу неа.

Леталото утре ќе биде лансирано Вселенскиот центар Кенеди, по што ќе мине 640 милиони километри пред да пристигне на целта во 2016-та година.

Крилата на леталото се покриени со сончеви ќелии, што ќе бидат неговиот основен извор на енергија додека плови низ вселената.

„Накусо по лансирањето, за пет минути, ќе започнеме со отворање на сончевите плочи. Ќе ги насочиме кон Сонцето и ќе започнеме да ги полниме батериите, на пат кон Јупитер“, рече директорката на мисијата Џен Чодас на прес-конференција во НАСА.

Џуно ќе се приближи на 5.000 километри над облаците на Јупитер и ќе се обиде да се симне во опасните појаси на радијација на планетата. Неговите инструменти ќе ги испитуваат магнетните и гравитациони полиња, како и составот на атмосферата.

НАСА се надева да добие одговор на клучни прашања за Јупитер, но и за еволуцијата на Сончевиот систем.

XS
SM
MD
LG