Линкови за пристапност

Сателит на НАСА ќе падне на Земјата


Сателит на НАСА ќе падне на Земјата

Сателит на НАСА ќе падне на Земјата

НАСА соопшти дека делови на сателит со големина на автобус се очекува да паднат на земјата, но не се знае со сигурност каде ќе паднат.

Вселенската агенција вели дека Северна Америка нема да биде локацијата на паѓањето на остатоците од 4,5 метрички тони тешкиот сателит. Надежта е дека тоа ќе се случи во ненаселени области.

НАСА го следи движењето на сателитот, но по влегувањето во атмосферата може да го изгуби од вид.

Сателитот е лансиран во 1991-ва на тригодишна мисија за проучување на озонското ниво во земјината атмосфера, а не е функционален од 2005-та.

XS
SM
MD
LG