Линкови за пристапност

Астронаутите на Атлантис подготвени за полетување


Астронаутите на Атлантис подготвени за полетување
Астронаутите на Атлантис подготвени за полетување

Последниот екипаж на спејс-шаталот Атлантис влезе во вселенското возило во Вселенскиот центар Кенеди во Флорида, за 135-от и конечен лет на 30-годишната спејс-шатл програма.

Околу еден милион луѓе се собраа да го проследат историското полетување, но временските услови остануваат дискутабилни, со 70 проценти шанси за облаци и бури на локацијата до времето на полетување (11:26 претпладне по вашингтонско време, или 1526 средноевропско). Лошо време може да ја принуди вселенската агенција НАСА да го одложи полетувањето до сабота или недела.

Четиричлениот екипаж ќе пренесе намирници, резервни делови и научни експерименти до Меѓународната вселенска станица за време на 12-дневната мисија.

Спејс-шаталот играше централна улога во изградбата и оперирањето на орбитната постројка.

XS
SM
MD
LG