Линкови за пристапност

Наполитано даде оставка


По четири години на функцијата, секретарката за домашна безбедност на САД, Џенет Наполитано, заминува во приватниот сектор.

Американската секретарка за домашна безбедност Џенет Наполитано дава оставка од федералната влада за да раководи со систем на Универзитетот на Калифорнија.
Во соопштение од петок Наполитано соопшти дека е именувана за следен претседател на универзитетскиот систем.

Таа му се заблагодари на претседателот Барак Обама за шансата да служи како трет шеф на 10-годишниот Оддел за домашна безбедност, опишувајќи го тоа како највисока точка во нејзината професионална кариера.

Одделот за домашна безбедност беше креиран по терористичките напади на САД на 11 септември 2001-ва. Во него се вклучени агенции кои го спроведуваат обезбедувањето на американските граници и ја штитат нацијата од терористички закани.

Претседателот Обама во соопштение кажа дека Наполитано работела „без престан“ за справување со некои од најтешките предизвици со кои се соочува нацијата. Тој кажа дека американскиот народ е „посигурен и побезбеден“ благодарение на лидерството на Наполитано.
XS
SM
MD
LG