Линкови за пристапност

Повеќе жртви на непријателствата во Нагорно-Карабах


Ерменија предупредува дека ситуацијата може да ескалира во тотална војна.

Продолжуваат борбите во оспорениот регион на Нагорно–Карабах и покрај тоа што Азербејџан прогласи унилатерален прекин на огнот во неделата, после дводневните борби со ерменските бунтовници и 30 загинати војници.

Азербејџан вели дека тројца војници го загубиле животот за време на борбите во сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах во текот на третиот ден на непријателствата и Ерменија предупредува дека ситуацијата може да ескалира во тотална војна.

Асошиатед прес го цитира Министерот за одбрана на Азербејџан Вагиф Даргјаклу, изјавувајќи дека бунтовниците бомбардирале азербејџански воени позиции и села кои се на предната линија, непочитувајќи го уналитералниот прекин на огнот од неделата.

Азербејџанскиот претседател Али Алијев вети дека нема да се откаже од својата позиција. Вели дека се надева оти ситуацијата ќе биде надмината по мирен пат, но во истовреме вели дека ќе ја зајакне армијата.

Ерменскиот претседател Серж Саргасјан го обвини Азербејџан за продолжување со „офанзивни и провокативни акти“ кои како што вели тој се насочени кон цивилни области.

Тој предупреди дека неговата земја би можела да ги формализира своите врски со Нагорно-Кабарах со официјално препознавање на нејзина независност доколку борбите ескалираат.

Нагорно-Карабах е на површина од 12.000 квадратни километри и е планинска енклава во внатрешноста на територијата на Азербејџан. Под контрола на локалните етнички ерменски сили и ерменската војска е од крајот на војната во 1994-та година во која беа убиени околу 30.000 луѓе и раселени околу еден милион други.

Џонатан Аделман, аналитичар за надворешна политика од универзитетот во Денвер, за Гласот на Америка изјави дека можеби е во игра меѓународна борба за доминација помеѓу Русија и Турција.

САД го осудија кршењето на прекинот на огнот и ги повикаа двете страни да покажат воздржаност, да се придржуваат до прекинот на огнот и да избегнат понатамошна ескалација.

XS
SM
MD
LG