Линкови за пристапност

Годишнината од Нагасаки - потсетник за спречување на нуклеарното оружје


Обама е првиот американски претседател кој ја посетил Хирошима, која беше нападната со атомска бомба три дена пред Нагасаки

Илјадници луѓе се собраа во Паркот на мирот, по повод одбележување на годишнината од експлодирањето на атомската бомба во Нагасаки, Јапонија, фрлена од американскиот бомбардер Б-92, при што беа убиени 70.000 луѓе, а месеци и години подоцна илјадници умираа од озрачување.

Меѓу присутните беа преживеани од нападот на 9-ти август 1945-та, како и претставници од повеќе од 50 држави, вклучувајќи и неколку нуклеарни сили.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе рече дека годишнината е потсетник за потребата да се контролира нуклеарното оружје ширум светот.

Градоначалникот на Нагасаки ги предупреди светските лидери трајно да го елиминираат нуклеарното оружје, и ги повика да го посетат градот за да ги согледаат од прва рака последиците од нуклеарниот напад, земјаќи ја како пример историската посета на американскиот претседател Барак Обама во мај во Хирошима.

Обама е првиот американски претседател кој ја посетил Хирошима, која беше нападната со атомска бомба три дена пред Нагасаки.

XS
SM
MD
LG