Линкови за пристапност

„Од Бах до рок“


„Од Бах до рок“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:41 0:00
Direct link

„Од Бах до рок“

Како да совладате инструмент и снимите две песни за само една недела!

Во училиштето „Од Бах до рок“ во Бетесда, просториите се полни со звуци.

Во една училница, децата вежбаат ритам-секција. Во друга, учат како гитарата да проговори. Во трета - компонираат. Во студиото, пак, група ја снима својата песна, Алкатраз.

Младите музичари се на половина од еднонеделниот рок-бенд летен камп.

„Поголемиот дел никогаш не фатиле инструмент. Но, за само една недела со нас, тие ќе научат, снимат и изведат две нумери“, раскажува Брајан Грос, директор на „Од Бах до рок“:

Посетителите на кампот во Бетесда настапуваат и во локален бар. Грант Глејзер свири на пијано уште од 4-годишна возраст. Мајка му, Карли, вели дека во кампот учи нешто повеќе од само музиката: „Да функционира во тим. Кога оди на редовни часови по музика, во контакт е само со учителот“.

Годинава, „Од Бах до рок“ ќе се прошири на шест нови локации во Њујорк.

Директорот Грос вели дека тоа е само почеток: „Ова е меѓународен концепт. Музиката нема јазични бариери, така што можеме лесно да држиме часови и во Кина, како овие во Бетесда“.
XS
SM
MD
LG