Линкови за пристапност

На погребната церемонија за делото на боксерската легенда, ќе говорат поранешниот претседател Бил Клинтон и комичарот Били Кристал

Дестици илјади луѓе ќе излезат на улиците во родниот град на „најпознатиот американски муслиман на сите времиња“ за да ја „испратат“ боксерската легенда Мухамeд Али, кој почина минатиот петок на 74-годишна возраст.

Утринската поворка, која се очекува да трае околу 90 минути, ќе помине 37 километри низ Луивил, Кентаки, поминувајќи покрај местата важни за животот на Али, пред да дојдат на гробиштата Кејв Хил, каде ќе биде закопан во приватна служба.

Меѓу оние кои ќе носат ковчегот на Али, ќе бидат и поранешниот боксерски шампион во тешка категорија Ленокс Луис и актерот Вил Смит, кој беше номиниран за оскар за филмот за животот и делото на Али.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и комичарот Били Кристал, ќе имаат проштален збор за Али.

XS
SM
MD
LG