Линкови за пристапност

Обама и Хилари Клинтон се најобожуваните луѓе во САД


Листата секоја година ја прави анкетната организација Галуп

Американскиот претседател Барак Обама и кандидатктаа за претседател од Демократската партија Хилари Клинтон, се на врвот на листата на „најобожуваните“ американски маж и жена, според агенцијата за испитување на јавно мислење Галуп.

Седумнаесет проценти од Американците го навеле Обама како најобожуван, додека 13 проценти гласале за Хилари Клинтон.

Клинтон на врвот на листата била 20 пати, а ова е нејзин 14 последователен пат, додека Обама е именуван осум пати.

Меѓу првите тројца мажи биле Папата Францис и уште еден потенцијален претседателски кандидат - Доналд Трамп, секој од нив со по пет проценти. Трамп бил помеѓу првите десет и претходно, од 1988 до 1990-та година и повторно во 2011-та година.

Галуп го нарече Трамп „изненадувачки силен“ објаснувајќи дека со неговото големо присуство на тв-екраните, тој е првиот кој им паѓа на ум на многу Американци.

Пакистанската активистка Малала Јусафзаи и бизнисменката Опра Винфри се најдоа меѓу првите три жени со 5 и 4 проценти.

Според Галуп, Американците најчесто го именуваат моменталниот американски претседател за најобожуван лик, така што Галуп ставил граница да може да ја добие „титулата“ не повеќе од осум пати.

Единствениот претседател именуван колку и Обама е Двајт Ајзенхауер, кој бил на врвот на листата за осумте години од неговото претседалствување. Ајзенхауер исто така бил на врвот на листата во 1950, 1967 и 1968-мата година, кога актуелниот претседател не бил многу популарен, вели Галуп. Ајзенхауер бил на првото место и во 1952 година, истата година кога бил избран, што е вкупно 12 пати на местото на најобожуван, повеќе од кој било друг маж.

Хилари Клинтон 20 пати била на врвот на листата, што е најголем број меѓу жените. По неа на листата е Еленор Рузвелт, која била именувана за најобожувана 13 пати.

XS
SM
MD
LG