Линкови за пристапност

Нокија и Мајкрософт претставија два нови „паметни“ телефони, Лумија 820 и 920.

Телефоните во себе имаат вградено подобра верзија на фото-апарати и ќе функционираат на новиот оперативен систем Виндоус 8. Од раководството на Нокија велат партнерството е битно и дека компанијата треба да биде дел од екосистемот. Екосистем претставува спој на софтвер, хардвер и дигитални мрежи. Компаниите како Епл и Гугл со својот оперативен систем Андроид, креираа екосистеми што доминираат на пазарите на „паметните“ телефони и таканаречените табла комјутери.

Моторола, што Гугл ја купи во мај за 12,4 милијарди долари, претставува три нови верзии на својот класичен мобилен Рејзор.

Во меѓувреме, најавени се и новитети на Киндл И-Ридер од Амазон, Ај-фон 5 на Епл и подоцна месецов, нов табла-комјутер на Мајкрософт што ќе функционира на оперативниот систем Виндоус 8.
XS
SM
MD
LG