Линкови за пристапност

Судењето на поранешниот армиски командант на Босанските Срби Ратко Младиќ започна во трибуналот на ОН во Хаг, 20 години по почетокот на војната.

Судењето на поранешниот армиски командант на Босанските Срби Ратко Младиќ започна во трибуналот на ОН во Хаг, 20 години по почетокот на војната.

Обвинителот Дермот Грум во среда кажа дека целта на армискиот шеф била етничко чистење на делови од Босна од тие што не биле Срби.

Младиќ е соочен со обвинение по 11 основи, вклучувајќи геноцид, воени кривични дела и кривични дела против човештвото.

Седумдесетгодишниот поранешен командант е обвинет за наредување на масакр на околу 8.000 мажи и момчиња во околината на босанскиот град Сребреница и крвава опсада на босанскиот главен град Сараево во раните 1990-ти.

Младиќ, воено лице од кариера, обучуван е во академија на Југословенската народна армија во Белград. Со почетокот на распаѓањето на Југословија во раните 1990ти, тој бил промовиран и ја презел командата на сите босанско-српски армиски сили кога започнале борбите за одвоена српска држава.

Масакрот во Сребреница се случил во 1995, откако илјадници цивили се собрале во област означена од ОН како безбедна зона. Непочитувајќи ја оваа назнака, трупи на Босанските Срби опколиле околу 8.000 мажи и момчиња и ги убиле во текот на неколку дена. Масовни гробници подоцна се откриени во околината.

По војната, Младиќ се вратил во Белград, каде некои експерти тврдат дека бил помогнат од тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ. Но откако Милошевиќ беше уапсен во 2001 и пренесен во трибуналот во Хаг, Младиќ се криел.

Уапсен беше во мај минатата година, речиси три години по тогашниот политички лидер на Босна Радован Караџиќ. Стручњаците велат дека Младиќ мора да имал поддршка од српската армија и тајните служби за да избегне апсење толку години.

Трибуналот на ОН издал потерница за него во 1995, во исто време со потерницата за неговиот поранешен сојузник Караџиќ.

XS
SM
MD
LG