Линкови за пристапност

Ромни ја освои републиканската номинација


Официјално партијата ќе го претстави како противкандидат на Обама во август, во Флорида.

Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни ја обезбеди претседателската номинација од редовите на Републиканската партија.

Републиканците нема да се задоволат со ништо помалку од враќање на Америка на прав пат, со вработувања и напредок.

Ромни тоа го стори по победата на прелиминарните партиски избори во Тексас што се одржаа во вторникот, каде беа во залог 150 делегати. Ромни ја доби поддршката на околу 88 проценти од нив и со тоа ја надмина бројката на потребните 1.144 делегати.

Во соопштение за јавноста Ромни истакна дека партијата е обединета во целта „да се стават неуспесите од изминатите три ипол години во заднина“. „Републиканците нема да се задоволат со ништо помалку од враќање на Америка на патеката на прав пат, со вработувања и напредок“, се наведува со соопштението.

Републиканците ќе ја одржат својата конвенција во Тампа, Флорида во август, кога и ќе се официјализира номинацијата на Ромни и изборот на потпретседател. Тој ќе биде првиот мормон досега номиниран за претседателската функција од страна на главна политичка партија.
XS
SM
MD
LG