Линкови за пристапност

Австралија ќе испрати мини-подморница


Во потрагата по исчезнатиот малезиски авион ова е најновиот момент

Раководителот на потрагата по исчезнатиот лет 370 на Малезија Ерлајнс вели дека австралиски брод ќе испрати мини-подморница без екипаж „колку е можно побрзо“ за да утврди дали сигналите откриени од опремата за лоцирање сигнали биле од исчезнатиот авион.

Ангус Хаустон кој го предводи австралискиот Центар за координација на агенциите, во понеделникот кажа дека Ocean Shield ќе престане да го влезе локаторот на американската морнарица и ќе лансира подводно возило Bluefin 21.

На конференција за новинарите во Перт, тој рече „Немаме добиено никаков сигнал шест дена, и претпоставувам дека е време да одиме под вода“.

Малата подморница ќе користи сонар да обележи секој предмет во потрагата по направата за регистрирање на податоци за летот на дното на Индискиот Океан.

Хаустон рече дека е најдено излеано гориво во областа, во неделата навечер, но дека ќе требаат неколку дена да се утврди од каде дошло.

Властите предупредија дека истражителите го загубиле главното средство за откривање на авионот кога трансмитерот на сигнали останал со испразнети батерии. Тие батерии се дизајнирани да оперираат 30 дена или малку повеќе, а авионот е загубен пред 38 дена.
XS
SM
MD
LG